Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
МАКЕДОНИЈА

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Објавено June 17, 2026 10:26
Сподели
Сподели

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји.

 

Со договорот, тогашната Република Македонија го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а земјата стана членка на НАТО. Воедно, значително се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед.

 

Договорот беше резултат на неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.

 

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

 

Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Сепак, референдумот не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи.

 

Договорот од Преспа беше резултат на преговори што траеја речиси 27 години, со различен интензитет, периоди на застој и повторно активирање, особено по 2017 година кога процесот доби нова динамика и доведе до конечното решение.

 

И покрај промените на власт во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката. Атина останува силен поддржувач на европската перспектива на земјите од регионот, вклучително и на Северна Македонија.

 

Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот македонски шеф на државата кој ја посети Грција, додека во април 2019 година тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас престојуваше во Скопје, што беше прва посета на грчки премиер по потпишувањето на договорот.

Сепак, во последниот период се забележува отсуство на билатерални средби на највисоко ниво меѓу актуелните политички лидери на двете земји, како и непостоечки или одложени официјални посети на државно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
Следна Статија Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија гласаше против укинување на санкциите кон Куба: Само 7 земји на Обединетите Нации беа „против“, 165 гласаа „за“

Македонија гласаше против Резолуцијата во ООН со која се бара САД да ги укине економските санкции кон Куба. Резолуцијата, насловена како „Потреба од…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лага и манипулација е дека со укинувањето на „балансерот“ се поништуваат правата на заедниците

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поднесени двe обвиненија за ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ на „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 примиле непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?