Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

Објавено June 17, 2026 10:30
Сподели
Сподели

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.

 

Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на пленарната сесија, а во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

 

Известувачот за Република Северна Македонија, Томас Вајц, рече дека регионот на Западен Балкан бил и продолжува да биде „поле за играње на странски сили“ и потсети на разорните етнички војни што го зафатија регионот во 1990-тите. Вајц нагласи дека постојат две земји кои избегнале масовно насилство, имено водечкиот кандидат за пристапување, Црна Гора, и другата, Северна Македонија, која исто така би можела да биде меѓу водечките земји во процесот на пристапување.

 

– Да, можеме да кажеме дека земјата не ги спроведе реформите што е можно побрзо, но исто така мора да признаеме дека ние во ЕУ дадовме ветувања што не ги исполнивме – истакна известувачот.

 

Тој нагласи дека земјите, вклучително и Северна Македонија, имаат волја да ги спроведат потребните реформи и дека ова треба да се награди, на пример преку делумна интеграција на пазарот, делумна интеграција во однос на роамингот, преку Единствената европска платежна зона, со цел да се одржи мотивацијата.

 

Вајц нагласи дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан носи безбедносна и економска вредност за Европската Унија, како и голем број други придобивки. Тој рече дека по Црна Гора и Албанија, Северна Македонија би можела да биде следната земја што ќе се приклучи на ЕУ.

 

Според австрискиот европарламентарец, целта е да не се изгуби мотивацијата во Северна Македонија, додавајќи дека лично верува оти прашањата за идентитетот го растргнале регионот на Западен Балкан.

 

Вајц порача дека Европската Унија не бара усогласување на историските учебници ниту оспорување на националните идентитети како услов за европска интеграција. Според него, меѓусебното почитување меѓу соседните држави е темел на соработката и добрососедските односи.

 

– Она што не е дел од европското законодавство се 100% идентични историски учебници, дури и по 80 години од австриската историја по Втората светска војна. Ова не е нешто што се обидуваме да го постигнеме или што сме го постигнале со нашите соседни држави. Јас никогаш не би се осмелил да го доведам во прашање идентитетот на мојата соседна земја. Никогаш. Никогаш не би се осмелил да го доведам во прашање бугарскиот идентитет само затоа што сте биле 500 години под отоманска власт. Ова меѓусебно прифаќање помеѓу соседите е темел на соработката. И она што сè уште сакам да го кажам е дека, исто така, на нас тука, во Европската Унија, е да ја поддржиме платформата, да го поддржиме дијалогот, да ја вратиме довербата, да помогнеме со мали чекори за повторно да се изградат добрите билатерални односи — во овој случај помеѓу Бугарија и Северна Македонија, но тоа е случај за целиот регион, истакна Вајц.

 

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека е време за интеграција на земјите од Западен Балкан со цел некако да се исправат грешките направени во минатото, кога околностите беа поинакви.

 

Таа истакна дека сите овие земји – не само во Западен Балкан, туку и Украина и Молдавија – се под хибридни закани.

 

– Колку повеќе успеваме во процесот на проширување, толку повеќе напади има (…) Ако не успееме да ги интегрираме, ако не им помогнеме да се спротивстават на непријателските дејствија што се обидуваат да ги оддалечат од европскиот пат, други ќе дојдат и ќе ги искористат како оружје против нас – истакна таа.

Во врска со процесот на интеграција, Кос нагласи дека „она што е сигурно е дека нема кратенки, тој се базира на заслуги и ние работиме на постепена интеграција“ во различни области. Таа додаде дека на ЕК ѝ е даден мандат да преговара за бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан и дека се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Следна Статија Дали на Меси му беше простен црвен картон: Жестока дебата на Интернет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети: Груби е на „албанска територија“

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?