Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: БИДЕТЕ СПОКОЈНИ: Во Македонија нема увоз на контаминирани бебешки кашички „Хип“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > БИДЕТЕ СПОКОЈНИ: Во Македонија нема увоз на контаминирани бебешки кашички „Хип“
ЗДРАВЈЕ

БИДЕТЕ СПОКОЈНИ: Во Македонија нема увоз на контаминирани бебешки кашички „Хип“

Објавено April 20, 2026 19:11
Сподели
Сподели

На социјалните мрежи компанијата Хип  соопшти дека конкретната кашичка направена само од компир и морков, воопшто ја нема на македонскиот пазар, односно не се увезува. Вакавата реакција следува откако бебешки кашички од брендот „Хип“ беа контаминирани со отров за стаорци во Австрија, Словачка и Чешка, па производителот ги повлече тегличките од 190 грама направени од моркови и компири во супермаркетите „Шпар“ во Австрија.

Во врска со објавените информации за повлекување на Хип каши во теглички (компир и морков) од ланецот супермаркети Шпар во Австрија, поради потенцијална опасност по здравјето од вметнати одредени материи во процесот на дистрибуција, ве известуваме дека спорниот производ не се увезува нити се продава на македонскиот пазар. Напоменуваме, повлекувањето не е предизвикано од недостаток на квалитет на производот. Се работи за казниво дело кое е под истрага на локалните власти во Австрија. Сакаме да потенцираме дека Хип како најреномиран производител на органска бебешка храна, отсекогаш спроведува најстроги контроли на своите производствени процеси, а исто така сите производи подлежат на контрола при увозот од страна на нашите надлежни институции и истите се безбедни за употреба, велат од тимот на Хип Македонија.

Инаку, производителот тврди дека повлекувањето е од претпазливост и нема никаква врска со компанијата, туку со кривично дело кое е под истрага. Според производителот, тегличките ја напуштиле фабриката во совршена состојба, но потоа биле контаминирани.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паланчанец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес
Следна Статија Aтина ќе гори на Фајнфорот на Евролигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мемеди: Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба

Директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди во изјава за новинари денеска изјави дека од нивните специјалисти и од специјалистите на…

December 21, 2024
Roadtrip

За Германците, Македонија е на врвот на листата на најевтини туристички дестинации во Европа

Додека туристите низ Европа бараат начин да заштедат на летниот одмор, најновата анализа на германскиот Завод за статистика (Дестатис) ја смести Македонија на самиот врв…

June 26, 2026
ЗДРАВЈЕ

Јачмен за борба против холестеролот

Високиот холестерол е еден од главните фактори на ризик за развој на срцеви заболувања. Иако лековите можат да помогнат во…

August 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?