Раководството на кошаркарската Евролига соопшти дека сите влезници за годинашниов Ф4 што од 22 до 24.мај ќе одржи во Атина се распродадени. Последниот контингент влезници беше пуштен во продажба денеска и во кус рок веднаш беше распродаден.
„Влезниците беа продавани во неколку фази, а последната беше распродадена денеска. Тоа значи дека сите влезници за фајнл-форот за 2026 се во целост продадени, соопшти Евролигата.
Брзата распродажба на влезниците уште еднаш потврди дека завршницата на Евролигата се светски настан со огромен број на навивачи
