Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Македонски јазик не постои, а историјата ни е заедничка“: Со Румен Радев на чело на Бугарија Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Македонски јазик не постои, а историјата ни е заедничка“: Со Румен Радев на чело на Бугарија Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ
БАЛКАН

„Македонски јазик не постои, а историјата ни е заедничка“: Со Румен Радев на чело на Бугарија Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ

Објавено April 21, 2026 08:12
Сподели
Сподели

„Не можеме да допуштиме легитимација на македонизмот“, „Македонски јазик не постои“. Се противиме и на името Северна Македонија“. Ова се само дел од изјавите на идниот премиер на Бугарија. Румен Радев убедливо победи на парламентарните избори кај источниот сосед што беше и очекувано ако се знае дека за противници ги имаше партиите кои неколку години не успеваа да направат влада.

Кој е Румен Радев

Типичен бугарски националист кој сака да се претставува дека е умерен социјалист. Вака може да се опише Радев кој се откажа од претседателката функција за да стане премиер. Тој има 62 години , по професија е пилот. Го претставуваат како руска школа“ и тврд соговорник а постојат стравувања дека во ЕУ би можел да биде новиот Орбан.

И Македонија не може да се надева дека со Радев ќе има промена на политиката на Бугарија. Напротив, очекувањата се дека таа ќе станува порадикална. Како потврда на овие очекувања служат изјавите на Радев поврзани со Македонците и македонскиот јазик.

Радев во 2019 година изјави дека македонски јазик не постои во контекст на содржината на Договорот од Преспа.

Од истата година е и неговата изјава поврзана со нашиот јазик која гласеше „Не можеме да прифатиме дека постои македонски јазик“.

Радев има изјавено и дека „Не постои Северна Македонија“ поради стравување што како тогаш ќе се нарекува Пиринскиот дел.

Треба да се напомене дека Радев го постави ветото за почеток на преговорите за Македонија во 2020 година. Тогаш тој изјави: „Историјата и јазикот не можат да бидат предмет на политички договори.“Со ова индиректно повтори дека Бугарија не признава посебен македонски јазик.

Со Радев на чело на Бугарија никакви очекувања не може да има ни македонското малцинство кај источниот сосед.

„Бугарија не може да прифати легитимирање на македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија“, велеше Радев.

Во 2022 година Радев повторно нагласи:

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но без фалсификување на историјата и јазикот.“

Генералната позиција на Радев во врска со Македонија е дека „Македонскиот јазик е бугарски дијалект, и оти историјата ни е заедничка“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aтина ќе гори на Фајнфорот на Евролигата
Следна Статија „Шо праите бе другари“ ги праша Заев сопартијците?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема…

December 10, 2024
БАЛКАН

Хрватите никогаш не го засакаа папата Франциск бидејќи не сакаше да го канонизира Степинац

Хрватските медиуми пишуваат дека папата Франциск не треба да се сожалува. Но, зошто е тоа така. Работата е поврзана со…

April 29, 2025
БАЛКАН

Колку чини сместување во Грција оваа сезона?

Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или камп, дознајте што да очекувате од цените за сместување…

May 20, 2025
БАЛКАН

Нова провокација од Бугарија: Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија ќе прави панихида за Мара Бунева

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?