Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет начини на кои сами си ја намалуваме интелигенцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пет начини на кои сами си ја намалуваме интелигенцијата
ЗДРАВЈЕ

Пет начини на кои сами си ја намалуваме интелигенцијата

Објавено September 27, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Коефициентот на интелигенција е комбинација од когнитивни перформанси, извршна функција, флуидна интелигенција и реалната применлива страна на интелигенцијата.

Но, кога станува збор за психологијата, често како индивидуи сме најголемите непријатели на себеси, односно се фокусираме на практични избори кои или го изоструваат или го затапуваат нашето размислување.

Самосаботажата не е ништо ново, а насочувањето кон попаметни навики почнува прво со именување на она што нè спречува да се развиваме. Во таа смисла, самосвеста е најдобриот противотров – ова се петте најчести повторувачки навики што нè спречуваат да бидеме најдобрите верзии од себе.

Не го третираме мозокот како мускул за тренирање

Најлошата навика што ги намалува перформансите е третирањето на мозокот како да е фиксен елемент. Психолозите го нарекуваат ова теорија на интелигенција на ентитети, што е едноставно верување дека способноста е вродена и непроменлива. Но, поефикасната алтернатива, ориентираниот поглед кон раст и развој, ја третира интелигенцијата како нешто што може да се изгради преку напор и стратегија.

Ги лишуваме нашите мозоци од сонот што им е потребен

Децении истражувања покажуваат дека спиењето е многу повеќе од едноставно време за одмор. Сонот носи со себе длабока еволутивна тежина. За нас, спиењето е кога мозокот вежба, поправа и го преработува она што го научил во текот на денот. Прескокнете го сонот и ќе ги деградирате неговите перформанси на тој начин што извршната функција ви се намалува.

Други истражувања покажуваат дека дури и умереното ограничување на ноќниот сон ги нарушува вниманието, работната меморија, расположението и процената.

Пиеме алкохол

Алкохолот е можеби најочигледната форма на самосаботажа. Секој што испил повеќе од чаша вино знае како се менува размислувањето под дејство на алкохол, но штетата може да биде многу подлабока отколку што очекуваме.

Неодамнешни истражувања покажуваат дека консумирањето осум или повеќе алкохолни пијалаци неделно е поврзано со јасни маркери за повреда на мозокот. Се чини дека дури и умереното пиење може да предизвика долгорочна штета на нашите когнитивни способности.

Не му даваме структура на нашиот мозок

Нашите мозоци напредуваат со структура, цел и рокови. Без нив, ние талкаме нефокусирани, саботирајќи ја секоја искра на креативност во нас. Одложувањето на извршувањето задачи, исто така, доведува до оштетувања во извршното функционирање. И најбрилијантните мислители имаат потреба од дисциплинирана структура за да функционираат со полн капацитет.

Го изложуваме нашиот мозок на „лошо друштво“

Изложете го умот на постојан млаз од лоши информации, озборувања, бес и одвлекувања на вниманието, и тој неизбежно ќе се адаптира во надолна линија. Контекстот е многу важен за нашиот мозок. Со други зборови, вашата ментална состојба тивко се менува за да одговара на она со кое го храните својот ум.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство
Следна Статија Дали чварките ќе бидат луксуз оваа зима? Цената во регионот достигна 30 евра за килограм

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во Ургентниот центар примени 11 пациенти по невремето во Скопје

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се…

July 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но…

September 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?