Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почна Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство
ХРОНИКА

Почна Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство

Објавено September 27, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Со голема жалост ги известуваме сите родини и пријатели дека почина Трифун Талевски, уредник и новинар кој целиот професионален живот го помина во државната МРТВ и претходно во Јутел, односно РТСкопје1, пренесува Вечер.мк.

Трифун Талевски беше дипломец во рамките на Воената воздухопловна академија – отсек пилоти во Загреб, а подоцна дипломираше и на Факултетот за политички науки во Белград.

Како најдобар студент во генерацијата, професионалната кариера најпрво ја започнува во Јутел, за подоцна, на почетокот од седумдесетите години да премине во некогашната РТСкопје 1, која по осамостојувањето прерасна во МРТВ.

Од некогашната Радио- телевизија Скопје, до пензионирањето во МТВ, Талевски остави длабоки траги во новинарството преку илјадници текстови, телевизиски прилози и голем број емисии.

Во 1980-те и 90-те е веке реномиран и докажан новинар и Уредник во Внатрешно-политичката редакција на РТСкопје 1.

Припаѓа на плеадата уредници, коментатори и новнари кои оставија белег во ТВ новинарството.

Негова специјалност беше внатрешната политика, беше уредник на Дневникот на РТСкопје1.

Автор и уредник е на емисијата „19.00“ што се емитуваше секој работен ден пред централниот Дневник, која одеше во терминот од 19.00 до 19.30.

Потоа беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописната мрежа на МРТВ, а подоцна и уредник во Македонското радио.

Роден е во с. Габалавци, Битола, на 19.10.1943 година.

Зад себе ја остави сопругата Лимба, татко е на Ивона Талевска, која го наследи во новинарството и на синот Стефан Талевски кој изгради успешна меѓународна кариеара во Италија и САД.

Погребот ќе биде извршен во 12.00 часот на 29.09.2025 година (понеделник) на градските гробишта Бутел во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен соработник на Џорџ Сорос обвинет за трговија со жени и сексуална злоупотреба
Следна Статија Пет начини на кои сами си ја намалуваме интелигенцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кокаинот го криеле во земја во Босилово, полицијата ја вадела дрогата со машини

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија…

May 12, 2026
ХРОНИКА

Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

April 1, 2025
ХРОНИКА

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка каде што се гледа физичка пресметка помеѓу две лица, од кои едното држи секира, беше објавена од случајни минувачи.…

July 27, 2025
ХРОНИКА

Фотографии од компанијата во струмичко од која беа изнесени 21 тон марихуана

Редеакцијата на „Курир“ објави ексклузивни фотографии од просториите на компанијата „CBD Medplant“ од каде во саботата утрото полицијата изнесе 21 тон марихуана.…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?