Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа
МАКЕДОНИЈА

Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Објавено June 23, 2026 19:46
Сподели
Сподели

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од годината во јавната здравствена установа во Скопје.

– Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените. Што значи дека повторно се враќаме на она прашање – како директорот ги ангажирал и ги повикувал да дојдат на работа, кога законски не смеел? Понатаму, ние имаме рокови во коишто одговараме. Но, фактот дека тие луѓе не смеел да ги повикува на работа – останува, затоа што 22 јануари е дваесет и два дена по Нова година – одговори министерката на новинарско прашање.

Во однос на нови вработувања, таа рече дека зборувала и вчера.

-Побарајте му податоци да ви даде од архивите за да видите во април 2025 година колку нови согласности добил и што се случило на 22 април, односно колку согласности за на неопределено добил, во исто време, треба да се праша исто, директорот, кого тогаш вработил – кои 38 лица се вработени, а кои луѓе останале, да кажеме, без постојано вработување? – додаде Димитриеска – Кочоска на прес-конференцијата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е најздравиот јаткаст плод
Следна Статија Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филтри на оџаците како мерка против загадувањето – Мицкоски очекува невладини да се борат за воздух по седум години молк

Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА информира дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со емотивен статус му го честиташе роденденот и именденот на својот син Антониј

Премиерот Христијан Мицкокси, со емотивен Фејсбук статус му го честиташе именденот на својот син Антониј. -За именденот на постариот син…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?