Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи
ПОЛИТИКА

Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи

Објавено June 2, 2026 11:33
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на државата  Стево Пендаровски, во интервју на јавниот сервис призна дека вработен од неговиот кабинет снимал видео и аудио од разговори на состаноци на државниот врв.

Според кажувањето на Пендаровски, на ваквите состаноци присуствувал Зоран Заев како премиер и останати лидери на политички партии на тогашната власт, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Освен тогашниот политички и државен врв, на ваквите состаноци во претседателскиот кабинет, кои, очигледно, лесно можеле да бидат снимени и изнесени надвор, Пендаровски вели дека присуствувале и амбасадори, меѓу кои е американската амбасадорка во тоа време, г-ѓа Кејт Мари Брнс и амбасадорот на ЕУ за Македонија, господинот Дејвид Гир кои давале предлози како побрзо и полесно да се дојде до уставни измени, со ова признавајќи дека странските амбасадори ја решавале судбината на Македонија, она што 7 години сите го знаеја за сервилното, безрбетно и оикофобно функционирање на владата на Заев и екипата во која беше и денешниот чувар на тронот Филипче.

Запрашан, дали широка коалиција е една од идеите на Американците во тоа време, Пендаровски вели дека тоа била една од работи кои не сакал јавно да ги каже, но сепак се одлучил да зборува, затоа што веќе е јавно промовирано од самиот поранешен премиер, Зоран Заев.

„Идејата за широка коалиција е дискутирана меѓу Заев и Мицковски, да се направи широка коалиција и две точки има тој, речи го, неформален договор. Прво, денес Бугари во устав, утре предвремени избори. ВМРО добива избори година дена минимум порано од регуларниот термин, а политичкиот товар го поднесуваме сите и после тоа тераме, не само кон Европска унија, него без таков товар тераме во развој на државата многу побрзо. Таа идеја ја поддржа дипломатијата меѓународна, вклучително и американската дипломатија. Сега кој бил прв. Меѓутоа јас знам дека Заев го објаснувал тоа во тогашниот врв на СДСМ и во владата“, рече Пендаровски, посочувајќи дека со оглед на актуелната ситуација, ваквиот предлог бил одбиен ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Посочи дека ова што е пробиено во јавност и за што пренесуваа медиумите, дека тоа се случувало на состанок во СДСМ било подоцна кажано, а како идеја за широка коалиција, постоела од порано.

Но, тоа што е важно и што може да се потврди и сега, овој непристоен предлог веднаш бил отфрлен од страна на, тогаш опозициската, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Доказ за тоа е, прво дека предвремени избори не се случиле, односно во 2020 и 2024 година во Македонија се организираа редовни парламентарни избори редовните избори во 2020 година и 2024 година. Второ, уставни измени со цел внесување на Бугарите, до ден денес нема.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот
Следна Статија (ФОТО) Отворен новиот базен во Карпош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакнувајќи дека станува збор за…

March 29, 2026
ПОЛИТИКА

ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КОЈ БУЈАР ОСМАНИ ГО ПОТПИШАЛ СО „ЕУРОВИА“: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра

Медиумот Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со…

June 11, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?