Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени

Објавено September 26, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – кога се сакало се се можело, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека за него постојат само македонски црвени линии, како и дека за Резолуцијата на СДСМ ќе се изјасни по локалните избори.

–Ние имаме јасна позиција, гаранции – кои ги спомна претседателот на Европскиот совет, зашто македонските граѓани без разлика на етничката припадност, многу дадоа во име на европската иднина на државата, како ниту еден друг народ во Европа. Ако сакате да тргнеме да анализираме од 18, 19 век па навамау за за последниот сега веќе да не зборваме. Без такви гаранции на памет не ми паѓа да размислувам за какви било уставни измени. Што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она што го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур што е и европска темелна вредност – да може ОМО Илинден Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија и со тоа ќе стекне право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите,… Заслужиле Македонците кои според пописот во 1956 година биле мнозинство во западна Бугарија, а во 1965 година магично исчезнале 200 000, да имаат свој претставник таму. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022 година која заеднички ја гласаше Парламентот со 95 гласа. Ништо друго не бараме, ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме, подвлече премиерот.

За жал, напомена Мицкоски, и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на своите претходни партиски раководства – да ги руши, како што рече, позициите на македонската Влада и држава и да ги распродава идентитетските и националните приоритети од за него неразбвирливи причини.

-Ако ова го правеа на времето, за да останат на власт, за да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, некако ги разбирав, но сега, како опозиција, не разбирам зошто мора да ги подриваат позициите на Владата која сака да го поправи тоа што тие го распродадоа изминатите седум години на меѓународен и на домашен план. Т.н. Резолуција и текстот внатре ќе се разгледува по изброите, така го разбрав СДСМ. Таму има историски фалсификати. Кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат дека тој во ОН бил прифатен деветнаесетата година. И вчера го кажав фактот дека во 2005 година не доби Северна Македонија дата за почеток преговори, туку Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати. За Резолуцијата тоа малку што имаме да го кажеме, ќе го кажеме по изборите. Инаку, можеме да растураме пердуви колку сакаме, но не сме прифатиле негови црвени линии. Јас прифаќам само македонски црвени линии, истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење
Следна Статија Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите најави дека од утре ќе изврши целосно повлекување на сите…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова зборуваше со Зеленски: Најавен Самит „Украина – Југоисточна Европа“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Техничката Влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,  беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?