Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање
ПОЛИТИКА

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Објавено September 26, 2025 17:47
Сподели
Сподели

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше забрането платено политичко рекламирање во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на земјата.

Пред Уставниот суд, на прес-конференција, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни партии која четирите законски пакети за рекламирање ги има изоставено од можноста за политичко претставување. Тој обвини за директна вмешаност на државните институции, посебно АВМУ, чиј директор, според него, добива инструкции директно од премиерот.

-Скандалот да е уште поголем, не само што ни се забранети државните пари кои по закони ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари ние ќе не можеме да се рекламираме затоа што со едноставно пропуштање, односно не спомнување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоиме на политичката сцена. Ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, вечити директор на АВМУ којшто на овој начин се обидуваат да ги скратат крилата но Левица, истакна Апасиев.

Најави правни мерки, вклучувајќи и поднесување тужба и барање за итна временска мерка од Уставниот суд за стопирање на оваа забрана. Тие предупредија дека доколку не се реши овој проблем, го разгледуваат и поднесувањето случај во Стразбур, што може да доведе до правна битка од неколку години, со последици за демократските процеси во Македонија.

На прашањето за законскиот основ што им гарантира државно финансирано рекламирање, рече дека Законот за избори се толкува селективно и строго од страна на државните тела, кои го ограничуваат правото на Левица со лоша граматичка и логичка интерпретација, иако според него, законските одредби дозволуваат и други партии со значајно парламентарно присуство да добијат дел од средствата за платено рекламирање.

-Станува збор за едно искривоколчено граматичко толкување на членот 75г од Изборниорт законик кој предвидува двете најголеми партии да добијат најмногу, но тоа не значи дека двете треба да добијат се. Тие толкуваат и се држат како слеп за стап за зборот двете, а ние се држиме за зборот најмногу, тоа значи може но не мора да добијат се, затоа што законот треба да се прилагоди на реалноста, а не реалноста на законот, појасни Апасиев.

Според него законот треба да се толкува за да се прилагоди на реалноста, а тоа постоечкиот закон го дава како основ затоа што оперира со термините може и најмногу, тоа значи, појаснува Апасиев, дека пропорционално најмногу од тие две минути треба да земат двете најголеми, а остатокот треба да го земе Левица.

– Но тие го толкуваат ригидно граматички, се држат за збор за зборот двете, а го забораваат зборот може и зборот најмногу. Тоа значи дека преку телеолошко толкување што значи цел, а целта на законот е сите да добијат, а не една партија да не добие. Може да се најде соломонско решение но тие одбиваат тоа да го сторат и ова ни е поздрав од Мицкоски со абер дека и на следните избори ова истото ќе го направи, рече Апасиев.

Порача дека Левица нема да се откаже ниту политички, ниту правно и дека на претстојните локални избори ќе постигнат историски резултат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени
Следна Статија Историска комисија: Бугарите не сакаат заеднички да го одбележуваме крајот на Втората светска војна, како симбол на победата на доброто над злото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ е сателит на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Опозициската СДСМ упати остри критики кон партијата ЗНАМ и нејзиниот лидер Максим Димитриевски, обвинувајќи ги дека дејствуваат во интерес на…

June 17, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?