Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Историска комисија: Бугарите не сакаат заеднички да го одбележуваме крајот на Втората светска војна, како симбол на победата на доброто над злото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Историска комисија: Бугарите не сакаат заеднички да го одбележуваме крајот на Втората светска војна, како симбол на победата на доброто над злото
МАКЕДОНИЈА

Историска комисија: Бугарите не сакаат заеднички да го одбележуваме крајот на Втората светска војна, како симбол на победата на доброто над злото

Објавено September 26, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение.

-Средбата протече според традиционален дневен ред: дискусија по македонските учебници за VII одделение; дискусија за евентуални заеднички чествувања; усогласување на записници. Македонската страна во Комисијата ја претстави новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го достави новиот учебник по Историја за VII одделение. Поради тоа дискусијата по првата точка од дневниот ред беше беспредметна, се вели во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.

По прашањето за евентуални заеднички чествувања, бугарската страна инсистирала на заедничко чествување на одредени личности, според нивната перцепција за т.н. „заедничка историја.“ Македонскиот тим, пак, се посочува, инсистирал на заедничко одбележување на крајот на Втората светска војна како симбол на победата на доброто над злото.

-И овој пат по дискусијата по оваа тема до израз дојдоа различните разбирања и позиции на двете страни, стои во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.

Македонскиот тим од Комисијата продолжува да одржува проактивен пристап, залагајќи се за одржливи решенија врз основа на европските искуства и вредности.

На средбата бил потпишан Записникот од 30. средба од 2024 година и била утврдена динамика за работа до крајот на годината. Следната средба, како што е најавено, ќе се одржи во првата половина на ноември, во Скопје

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање
Следна Статија Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина и одговорност ќе има

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа

Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт.На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спасувачка акција на Шар Планина- извлечени тројца планинари

Тројца планинари се евакуирани од непристапен терен на Шар Планина, откако претходно пријавиле дека се заглавени и дека на едниот…

July 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кадриу нема да се извини, ќе ја чека тужбата од Бубевски

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, денеска…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија

Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?