Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина и одговорност ќе има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина и одговорност ќе има
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина и одговорност ќе има

Објавено September 26, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо на случајност, како и дека ќе има одговорност за секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните.

Формираните комисии, истакна премиерот, засега работат на осум случаи.

Кога светски стручњак како академик Кедев тоа го кажува, мора да има позадина и мора да ја откриеме таа позадина. Нема да оставиме ништо на случајност. За секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните ќе има одговорност, потенцира Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу кој беше заедно со Мицкоски на Клиниката за кардиохирургија, пред два дена рече дека нема да се даваат делумни информации за „кардиолошките случаи“, туку ќе се излезе со конечен извештај откако целосно ќе заврши експертизата. Тој тогаш информира и дека осум предмети се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но се очекува да бидат доставени и други од институции и граѓани.

Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историска комисија: Бугарите не сакаат заеднички да го одбележуваме крајот на Втората светска војна, како симбол на победата на доброто над злото
Следна Статија На државната кардиохирургија е промовирана надградената хибридна сала, единствена во регионот од ваков вид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се…

October 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овие јаткасти плодови го забавуваат стареењето

Бројни истражувања откриле колку јаткастите плодови, како оревите, лешниците и ф’стаците, се корисни за здравјето. Меѓу нив, индиските ореви (кашу)…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја…

September 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика

На скопката Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето поминато во болница и…

April 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?