Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур
МАКЕДОНИЈА

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур

Објавено May 11, 2026 16:04
Сподели
Сподели

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска одржа седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор. Панелот констатирал дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур и за да се запазат роковите, комисијата денеска заседавала и утврдила нов кандидат на местото на оспорениот кандидат. Едногласна поддршка од членовите на Комисијата добила Ана Дангова Хуг, адвокатка , која е предложена како нов кандидат за судија во ЕСЧП.

Од Комисијата информираат дека постапката за избор на новиот кандидат била спроведена целосно согласно утврдените критериуми и препораки, со примена на истиот принцип на гласање како и претходно, вклучително и почитување на препораките на ДКСК за изземање на дел од членовите.

Комисијата утре, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, официјално ќе го извести Експертскиот панел за новиот кандидат.

Членовите на Комисијата изразиле задоволство што Експертскиот панел немал забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална постапка, иако ова е трета група на кандидати што ја праќаат во Стразбур и што премиерот јавно се замеша со изборот, уривајќи ја кандидатурата на Ленче Ристоска и пред самото изјаснување на Комисијата, па и менувајќи го претходно заради неа и целиот нејзин состав.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик
Следна Статија БЕТЕР ОД МАКЕДОНИЈА: Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија

Централниот регистар беше меѓу првите институции кои се приклучија на платформата на интероперабилност и денес таа размена на информации меѓу…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, интеграцијата на земјата не треба да се злоупотребува со политички спорови

Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?