Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик
МАКЕДОНИЈА

Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик

Објавено May 11, 2026 16:02
Сподели
Сподели

Да има црква во Грција во која богослужбите ќе се изведуваат на македонски јазик, барање е кое Македонците од Грција му го испратиле на Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во писмото кое на својот Фејсбук профил го објави Павлос Воскопулос – Филипов, еден од лидерите на Македонците во оваа соседна земја наведува дека се бара литургиите да се изведуваат на нивниот мајчин современ македонски јазик, кој припаѓа на поширокото семејство на јужнословенски јазици, и со азбуката измислена од Свети Кирил и Методиј. Воскопулос во изјавата за весникот ВЕЧЕР потврди дека е испратено ова писмо со надеж дека ќе биде прифатено.

-Со ова писмо сакаме да ги земеме предвид важните прашања и, истовремено, барањата кои се однесуваат на нас православните христијани од малцинството етнички Македонци во Грција. Бараме да има црква на нашиот мајчин современ македонски јазик, која припаѓа на поширокото семејство на јужнословенски јазици, азбуката измислена од Свети Кирил и Методиј. Конкретно, посакуваме Божествената Литургија да се одржи на современ македонски јазик барем во некои недела во областите на Грција каде живееме православни христијани, етнички македонски грчки граѓани- наведува Воскопулос, кој е едне од лидерите на организацијата на Македонците во Грција во својот допис.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е надлежен за дел од епархиите во северниот дел на Грција и кое подрачје таму се нарекува Новите земји. Тоа е подрачје на кое во голем дел живеаат припадниците на македонската етничка заедница.

Во своето обраќање Воскопулос објаснува дека за жал, на локалните домашни македонски православни христијани од Новите земји по 1913 година поради прогони и забрани им се ограничени многу човекови права од јавниот живот.

-Од почетокот на минатиот век Црквата, Државата и парадржавата во Грција понекогаш молчи а понекогаш со отворено насилство, закани и заплашување ни го сменија јазикот, нашите имиња и националниот идентитет. И денес сме жртви на тивко непријателство и нетолеранција на значителен дел од свештенството на Метрополисите на новите земји и токму затоа ви се обраќаме директно преку нашиот политички носител Виножито. Знаејќи дека Метрополисите на новите земји на Северна Грција се подложени на ваша надлежност, ве молиме да интервенирате и да ги прифатите нашите барања – се потенцира во обраќањето.

Воскопулос додава дека по ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Грција и Република Северна Македонија веруваат дека е време да ставиме крај на неправдата кон локалното малцинство на Македонци.

-Тие православни христијани, Македонци по националност, ги почитуваат Метрополисите на Новите Земји. Да најдеме решение за нашите верски обврски што се однесува до нашиот јазик преку искрен дијалог од сите страни. Ви посакуваме да не прегрнете со топлината – се наведува во писмото.

Молбата е и Вселенскиот патријарх да ги извести свештениците на Метрополиите на Новите земји – и за Крштевањето и постхумното спомнување на православните христијани – етнички Македонци со нивни традиционални македонски имиња: Зора, Софка, Стојанка, Борис, Злата, Доре, Стоико, Томе, Дорча, Гоце Велика, Кирил, Слава, Траико, Спасе, Колиос, Китка, Стогијан, Петко, Митре, Сфета, Трице, Трајанка, Сфетко, Ристо, Петка, Васка…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија
Следна Статија Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски подели новогодишни пакетчиња на дечињата

Денес, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и пратеникот, Бојан Стојаноски, посетивме семејства во нашата општина…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?