Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: БЕТЕР ОД МАКЕДОНИЈА: Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > БЕТЕР ОД МАКЕДОНИЈА: Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици
БАЛКАН

БЕТЕР ОД МАКЕДОНИЈА: Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици

Објавено May 11, 2026 16:11
Сподели
Сподели

Црна Гора е на врвот во Европа според потрошувачката на антибиотици, а експертите предупредуваат дека прекумерната и неправилна употреба на овие лекови го забрзува развојот на антимикробната резистентност и ги прави инфекциите сè потешки за лекување – пренесе МИНА.

Податоците на Институт за јавно здравје на Црна Гора и на СИНМЕД, доставени до агенцијата МИНА, покажуваат дека просечната потрошувачка на антибиотици во земјата е 50-ина проценти повисока од просекот во државите на Европската Унија.

Според податоците за 2024 година, вкупната потрошувачка на антибиотици достигнала 30,83 пропишани дневни дози на илјада жители, што е повисоко дури и од нивото во Грција, која традиционално е меѓу земјите со најголема употреба на антибиотици во ЕУ.

Од СИНМЕД предупредуваат дека Црна Гора е и меѓу европските држави со највисоко ниво на антимикробна резистентност. Според експертите, прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици е една од главните причини за ширењето бактерии отпорни на лекување.

Од Институтот за јавно здравје посочуваат дека високата потрошувачка бара координиран и мултидисциплинарен пристап за ограничување на проблемот. Според податоците на институцијата, во земјата се регистрираат високи нивоа на резистентност кај повеќе значајни патогени, вклучително и кон основни и резервни антибиотици, што се користат во најтешките случаи.

Интердисциплинарната комисија за борба против антимикробната резистентност при Министерството за здравство на Црна Гора подготвила програма за контрола на бактериската резистентност за периодот 2026 – 2028 година, наведува МИНА.

Документот предвидува национални кампањи за поттикнување рационална употреба на антибиотици и ограничување на резистентноста.

И покрај загрижувачките податоци, статистиката на Институтот за јавно здравје покажува одреден пад на бројот на препишани антибиотици во јавните здравствени установи. Минатата година биле издадени 750 рецепти на илјада жители наспроти 803 во 2024 година, 800 во 2023 година и 838 во 2022 година.

Фармацевтката Санда Цановиќ изјави за МИНА дека високата употреба на антибиотици во Црна Гора укажува на системски и културен проблем, како и на недоволна информираност кај пациентите.

Според неа, антибиотиците често се користат како панацеа, вклучително и при вирусни инфекции, кај кои немаат ефект.

Експертите предупредуваат дека резистентноста на антибиотици веќе станува еден од најсериозните предизвици за современата медицина бидејќи доведува до потешко лекување, подолг престој во болница и поголем ризик од компликации и смртност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур
Следна Статија Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Радев: Бугарија е подготвена да преземе уште повредени од пожарот во Кочани

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот во Кочани и се потпиша во книгата…

March 18, 2025
БАЛКАН

Ужас во Хрватска: Татко го полил синот со бензин и го запалил

Уапсен е маж во хрватскиот град Глина. Обвинет е за четири кривични дела – обид за тешко убиство, загрозување на…

October 25, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда

Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека…

June 20, 2025
БАЛКАН

Трагедија: Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) по компликации по операцијата за вадење заб. Трагичната вест…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?