Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пендаровски негира дека ќе формира политичка партија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пендаровски негира дека ќе формира политичка партија
ПОЛИТИКА

Пендаровски негира дека ќе формира политичка партија

Објавено April 6, 2026 18:07
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ги отфрли информациите дека се подготвува за формирање нов политички субјект, тврдеејќи дека станува збор за шпекулации.

„ Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека ова нема да им биде последен таков обид“, изјави Пендаровски за „Слободен печат“.

Инаку, во интервју за Призма Пендаровски оцени дека постои јасен дисбаланс меѓу падот на поддршката на власта и неспособноста на опозицијата да го искористи тоа.

„ Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, вели Пендаровски.

Тој предупреди дека со актуелниот тренд, СДСМ може да се соочи со сериозни последици.

„Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, додава Пендаровски.

На овие негови ставови реагираше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој оцени дека изјавите на поранешниот претседател се погрешно интерпретирани.

„ Изјавата на Пендаровски е од пред неколку недели, а и не е таква каква што се претставува, извадена е од контекст. Тој дава максимална поддршка на тоа што го правиме во партијата“, рече Филипче.

Тој смета дека станува збор за координирана кампања против него и партијата.

„Ако ние сме мртва партија, тогаш зошто 90 отсто од кампањата е против мене лично со навреди и со несоодветни зборови?“ – праша Филипче.

Според него, партијата бележи раст и ја намалува разликата со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што не е мртва партијата, туку разликата помеѓу нас и нив сега е падната на 1,25“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот
Следна Статија Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот…

June 23, 2026
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата

На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?