Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
ПОЛИТИКА

Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП

Објавено September 2, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ЛДП, пишува А1он.

Според извори на медиумиот, оваа одлука била донесена на вчерашната седницата на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучи еден од овие партиски кадри.

Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницираше и реализираше повеќе значајни инфраструктурни и урбани проекти во главниот град. Познат е по својот умерен и принципиелен стил на политичко делување.

Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, стана пошироко препознатлив по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата со КОВИД-19, каде јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Во последниве години е активен и во политичкиот живот како член на Советот на Град Скопје, каде настапува критички и со барања за отчетност и одговорност во управувањето со градот.

Освен Пенов, Либерално-демократската партија (ЛДП) низ годините имаше повеќе истакнати кадри кои остварија значајни успеси на локалните избори, особено во Скопје и дел од општините низ државата, како што беа Жерновски во Центар и Костадинов во Виница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“
Следна Статија Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ова се седумте столбови од програмата на Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје на првиот ден од кампањата…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза

СДСМ продолжува со реториката на повторување на тезите, мислејќи 100 пати повторената лага ќе стане 100% вистина. Овој концепт е…

July 5, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков: Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори

Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.…

March 7, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје, со еден клик до сите градски услуги

Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности“, вели Каја…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?