Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат
МАКЕДОНИЈА

Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат

Објавено March 26, 2025 12:01
Сподели
Сподели

Како Влада наша обврска пред се е безбедноста на граѓаните и да го исправиме или да го поставиме на здрави нозе овој комплетно дерогиран систем кој е граден во изминатите 30 години во нашата држава, порача министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Нагласи дека безбедноста на граѓаните е пред се и над се за Владата и додаде дека во таа насока по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се прават проверки не само на јавните објекти, туку и на сите угостителски објекти, станбени блокови.

-За жал времето беше кратко и не можевме секаде да стигнеме и да исправиме, меѓутоа сме во добра насока да смениме многу работи во иднина. На оние објекти каде што ќе се увиди дека има некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат за да може да биде гарантирана безбедноста на сите корисници, изјави Перински.

Посочи дека на Владата и е битно да превенира се што може да се превенира за во иднина да не се случат немили настани.

Ако објектите не ја отстранат воочената аномалија во догледен период секако дека нема да можат и нема да имаат услови да работат и мислам дека ќе бидат затворени, рече Перински.

Како што кажа, станува збор за многу широка и обемна акција и на централно и на локално ниво поради што треба да се почека да се види исходот од неа и со што ќе се соочиме за да може да се носат мерки и заклучоци.

Дајте им време и на централните, но и на локалните власти да видиме со кои предизвици ќе се соочиме, на што ќе наидеме и потоа ќе носиме заклучоци кои секако ќе бидат во насока и корист на граѓаните, истакна Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија
Следна Статија Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче, Кешишев ќе сведочи на следното рочиште на 2 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Арсовска излезе на терен за да спречи градење на дивоградба во Чаир, се расправа со работници и газди (ВИДЕО)

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен со половина од функционерите на градот, за да провери на едно градилиште…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК со првични информации: ВМРО-ДПМНЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ДОСЕГА ИМА 19 ОПШТИНИ

Сега засега, СДСМ има 5, коалицијата Вреди има 4, НАИ има 2 и Унија на Роми 1 градоначалничко место. ВМРО-ДПМНЕ…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повторно најавува чествување на Мара Бунева во Скопје

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

„ТАВ Македонија“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили на социјалните мрежи сакаат да изнудат податоци од граѓаните

ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, ја информира и ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?