Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Traveler

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Објавено June 2, 2026 21:49
Сподели
Сподели

Според туристички експерти и инфлуенсери од целиот свет, пет хрватски плажи се најдоа на листата за 50 најубави плажи во Европа за 2026 година.

„Ранг-листата е објавена од страна на организацијата „50 најдобри плажи во светот“ (World’s 50 Best Beaches), составена повеќе од илјада туристички експерти и амбасадори за патувања од различни земји, напиша, напиша КликсБа.

Плажите биле оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои зачуваноста на природата, убавината на пејзажот, квалитетот на морето, уникатноста на локацијата и целокупното искуство што им го нудат на туристите. На листата се најдоа некои од најпознатите хрватски приморски дестинации кои со години ги привлекуваат странските туристи.На прво место се најде хрватската плажа Подраче во Брела, која е меѓу 20-те најубави европски плажи. Експертите посебно го истакнале нејзиното тиркизно море, импресивните карпи и природната сенка што ја обезбедуваат боровите шуми долж брегот.

На листата е и Пашјача во Конавле-една од најпознатите скриени плажи на Јадранот. Сместена под високи карпи, во последните години таа станала една од најбараните дестинации за љубителите на недопрена природа. Меѓу избраните се наоѓа и Златни Рат на Брач-една од најпрепознатливите хрватски плажи. Нејзиниот карактеристичен облик, кој се менува под влијание на ветерот и морските струи, со години ја вбројува меѓу најфотографираните локации на Медитеранот.

На листата е вклучена и Пунта Рата во Брела, која повеќепати е прогласувана за една од најубавите плажи во светот, благодарение на исклучително чистото море и препознатливата карпа што доминира во крајбрежниот пејзаж.Последна на оваа листа е Сакарун на Дуги Оток. Оваа плажа е позната по белиот песок и плиткото, тиркизно море, поради што често се споредува со егзотични тропски дестинации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Traveler

Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

Една од најубавите плажи во Грција, популарната Наваџо на островот Закинтос, ќе биде целосно затворена за посетители во текот на…

June 11, 2026
БАЛКАН

Внимавајте на хрватска граница, има построги правила: Еве што смеат да носат патниците

Патниците што летово влегуваат во Хрватска треба повнимателно да го подготват багажот, бидејќи од 1 јуни 2026 година почна целосната…

June 3, 2026
Traveler

Спремете пари за казна, ако околу езерото Комо се шетате без маица или со костим за капење

Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во…

July 8, 2026
Traveler

ЕУ оствари рекордна година во туризмот, само две земји оствариле помалку ноќевања

Европската Унија во 2025 година се остварени околу 3,08 милијарди туристички ноќевања, што е за 61,5 милиони или два проценти…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?