Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пленковиќ: Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пленковиќ: Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ: Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ

Објавено May 26, 2026 20:12
Сподели
Сподели

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија.

– Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку е важно процесите да се деблокираат и да се направат клучни чекори кон членството, рече Пленковиќ притоа потсетувајќи дека Хрватска ќе продолжи да помага во тој процес, како природен дел на односите на двете земји, од сојузништвото во НАТО како и реформите што ги спроведува Република Македонија.

Претходно владините делегации на двете земји одржаа билатерална средба, на која беа потпишани договори за стратешка соработка помеѓу двете земји. Во рамки на владината посета на хрватската делегација Меморандум за соработка потпишаа македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

Според агендата, официјалната посета на хрватската делегација на земјава ќе биде заокружена со средба меѓу сопственици на компании од двете држави, од која се очекува да произлезат иницијативи за понатамошна и конкретна деловна соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР го раскинува договорот за набавка на униформи поради несоодветен квалитет
Следна Статија СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, таму се упатува и еден армиски хеликоптер

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, претставуваат сериозна загриженост

Најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за владеењето на правото носи серија сериозни критики на сметка на државава, лоцирајќи директни…

July 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио…

August 24, 2025
BlogМАКЕДОНИЈА

Денеска е Балаклија – Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води

Првиот петок по Велигден, во православниот календар познат како Источен Петок или Балаклија, е празник посветен на Пресвета Богородица. Овој…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?