Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите
МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

Објавено August 24, 2025 13:11
Сподели
Сподели

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио Слободна Европа уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано.

Прашан за тоа што сега не се потребни повеќе од два потписа за независните кандидатури, а многумина аналитичари очекуваат инфлација на кандидати, кандидатски листи за локалните избори, колку тоа може да ја обремени работата на Државната изборна комисија во случај да имаме по десетици кандидатски листи, тој вели дека ДИК ќе се справи со предизвиците.

„Па, ДИК ќе се справи со сите овие предизвици, ќе најде решение. Има механизми во законот. ДИК има овластувања да носи соодветни одлуки и да ги прилагоди на актуелната ситуација, со цел да обезбеди непречено функционирање и одвивање на сите дејствија во изборниот процес и гласањето.

Така што предизвиците се наша обврска, ние ќе ги надминеме. Има шпекулации што би можело да се случи. Не би било добро да се коментира однапред, останува да се види постапката околу формалниот дел за поднесување на кандидатски листи трае.

Единствен услов не се само најмалку два потписи за поднесување на листа, во услови кога тоа прашање не е регулирано од страна на Собранието, ДИК согласно член 31 став 2.2 има обврска да донесе правилник за регулирање на постапката за поднесување на кандидатски листи, односно потписи за независните кандидати, за група избирачи. ДИК тоа го направи. ДИК со тоа упатство не излезе надвор од законот, туку ја прилагоди на конкретната ситуација.

Прашањето околу потписите не беше непознато и не се појави сега по распишувањето на избори, тоа беше познато уште во мај, состојбата кога Уставниот суд постапуваше и укина членови од законот кои го определуваат бројот на потребни потписи за група избирачи.

Така што во услови кога постои правото загарантирано во законот на учество на група избирачи, а ги нема бројот на потписи, ДИК не може да го ускрати учеството на оваа категорија учесници во изборниот процес и тој процес мора да тече. Значи, ДИК немаше друга варијанта, алтернатива, па да бира што е подобро. ДИК мораше директно да го примени законот.

Со оглед на постоењето на правото во член 60 и постоењето на постапката за собирање потписи, односно рокот за собирање потписи предвиден во член 63, кои се активни чинови во изборниот законик, ДИК постапи онака како што постапи. Тоа прашање е затворено.

Реков, има и други услови кои треба да се исполнат, да видиме дали учесниците во изборниот процес ќе ги исполнат сите други законски услови. Значи не се доволни само два потписи, потребно е во нашето упатство — не се однесува само за собирање потписи.

Упатството се однесува, е подзаконски акт со кој ја олеснува, еден вид водич, ја олеснува процедурата и еден вид водич за административно техничкиот дел на пополнување на сите оние обрасци кои ги има донесено ДИК и кои ќе им овозможат нивно легитимирање пред изборните органи, односно да им биде потврдена листата.

Така што да почекаме да видиме колкав ќе биде бројот соодветно на ситуацијата. Имаме механизам, ќе одлучиме соодветно да сите бидат што ги исполнуваат условите и останатите услови да бидат застапени на гласачкото ливче“ вели Кондарко.

Беше прашан и за тоа колку евентуалната инфлација на кандидати и кандидатски листи може да го поскапи изборниот процес.

„Останува да видиме и тоа. И тоа прашање е легитимно. Ќе видиме откако ќе помине рокот за поднесување на листи, 13-ти септември, колку ќе бидат пријавени, колку ќе ги исполнат условите, колку ќе бидат потврдени. Ние со одлука го уредуваме изгледот и формата и содржината на гласачкото ливче, ќе прилагодиме онака како што мораме со цел да го обезбедиме правото на сите. Дали ќе го поскапи процесот, можно е и да го поскапи, но ние мораме да го спроведеме процесот“ вели претседателот на ДИК во интервју за Радио Слободна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје
Следна Статија Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

Летното сметање на времето ќе заврши в недела, 26 октомври 2025 година. Тоа значи дека во 3 часот по полноќ…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола

По повод одбележувањето 120 години од погибелта на македонскиот војвода Александар Турунџев, вчеравечер со свечена церемонија беше откриен споменик на…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија

Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но одговорноста за застојот не е само во…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?