Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Гоце Делчев не треба само да се следи, туку да се разбере – културата е темел на државноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Гоце Делчев не треба само да се следи, туку да се разбере – културата е темел на државноста
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Гоце Делчев не треба само да се следи, туку да се разбере – културата е темел на државноста

Објавено May 4, 2026 16:31
Сподели
Сподели

 – Делото и идеите на Гоце Делчев не треба само формално да се чествуваат, туку суштински да се разберат и пренесат на младите генерации преку современ културен израз – порача министерот за култура Зоран Љутков на трибината „Темел на државноста – визија за иднината“, организирана по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Љутков истакна дека во општеството значајните историски личности често се третираат исклучиво од историски аспект, без нивното суштинско поврзување со денешното време и предизвиците со кои се соочува современиот човек. Според него, покрај гордоста кон сопственото минато, неопходно е да се преземе и одговорност во начинот на кој ликот и делото на тие личности им се пренесува на младите генерации.

– Таков е ликот и делото, на пример, на Гоце Делчев, а тој е човекот што постојано му пркоси на времето. Во таа смисла има една безвременска девиза, која многу често ја користиме, но не треба само да ја следиме, мислам дека треба да ја разбереме. Јас го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите. И тоа за мене значи нешто, но за сите народи треба да значи дека не се таргетираат одредени луѓе, туку се таргетира светот. Дека ние треба, од културен аспект, да се натпреваруваме како цивилизации, дека треба да се третираме преку сопствената култура, сопствената традиција, сопствените обичаи и како такви ние треба да му се предложиме на светот – истакна министерот.

Во тој контекст, Љутков нагласи дека државите и народите се афирмираат преку сопствената култура, традицијата и обичаите, кои треба активно да се претставуваат пред меѓународната јавност, без губење на сопствениот идентитет.

– Не за да се стопиме со светот, туку за да покажеме дека сме поинакви и дека имаме сопствен културен и идентитетски израз – рече тој.

Говорејќи за улогата на институциите, министерот посочи дека културната дипломатија повторно е меѓу врвните приоритети на Министерството за култура нагласувајќи дека по подолг прекин, повторно се организираат Денови на македонската култура надвор од земјата.

Како пример ги наведе активностите во Брисел, каде што македонските културни институции преку настапи на Македонската опера и балет, македонски филм и концерт на Националниот џез-оркестар ја претставуваат македонската културна сцена.

Според директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јовица Никчевски, библиотеките имаат централна улога како чувари на пишаното наследство и интелектуалната меморија на нацијата овозможувајќи заштита, достапност и научно толкување на историските факти поврзани со македонската државност и идентитет.

Никчевски, на трибината посветена на Гоце Делчев, нагласи дека преку системско собирање, обработка и чување публикации, ракописи и архивски материјали библиотеките обезбедуваат отворен пристап до автентични извори и релевантни сознанија, со што активно придонесуваат во спречување на дезинформациите и ревизионистичките толкувања на историјата.

– Гоце Делчев не е само историска личност, тој е симбол за борба, за слобода, за правда и за достоинство. Во согласност со тоа, системот има посебна историска одговорност. Нашите научни и образовни институции се повикани на построг научен, критички и непристрасен пристап кон историските извори и факти. Само преку методолошки засновани истражувања може да се зачува автентичноста на историската вистина и да се спречи нејзината политичка или идеолошка инструментализација – истакна Никчевски.

Тој нагласи дека културните институции, како што се музеите, архивите, библиотеките и кинотеките, се трајните чувари на националното паметење – чувари на материјалното, нематеријалното и документарното наследство поврзано со Гоце Делчев.

Осврнувајќи се на улогата на државата, тој истакна дека институциите имаат уставна обврска да ја штитат културната и јазичната автентичност на македонскиот народ, особено во услови на разни интерпретации и надворешни предизвици, при што таа задача добива и дипломатска димензија.

Тој го заврши обраќањето со цитат од Гоце Делчев, кој бил прашан од Даме Груев зошто се враќа од Софија во Македонија. „Зарем може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
Следна Статија Филипче или не знае што говори или не живее во Македонија: Вели дека никаде од Бугарија не чул дека го негира нашиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Усје“: Владата ќе ги разгледа заклучоците на Советот, па ќе постапи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лага и манипулација е дека со укинувањето на „балансерот“ се поништуваат правата на заедниците

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?