Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Собранието да донесе резолуција со нашите црвени линии, ако има ново вето да ги прекинеме преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Собранието да донесе резолуција со нашите црвени линии, ако има ново вето да ги прекинеме преговорите со ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Собранието да донесе резолуција со нашите црвени линии, ако има ново вето да ги прекинеме преговорите со ЕУ

Објавено August 30, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета Собранието треба да донесе заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ. Филипче смета дека Владата води неискрена политика во однос на европските интеграции и свесно го пролонгира процесот.

Ајде тогаш да донесеме заедничка резолуција наша во Собранието, во која ќе ги кажеме нашите црвени линии. Ако се случи ново вето, да ги прекинеме преговорите со ЕУ,  рече Филипче во Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, повикот за консензус на таа тема не е искрен целосно од страна на власта.

Сметам дека нема никаква намера да се направи чекор напред кон евроинтеграциите. Тоа што ние сме го прифатиле францускиот предлог е затоа што таков предлог дојде подготвен од Европската Унија и ни беше јасно дека друга шанса нема да имаме, рече Филипче.

Според него, и ВМРО-ДПМНЕ кога дошла на власт, Европа кажала дека нема друга опција. СДСМ, рече Филипче, дава бланко поддршка доколку Владата издејствува подобри услови.

Лидерот на опозициската партија смета дека државата не смее бесцелно да чека и дека младите гледаат застој што директно влијае на нивната одлука да ја напуштат државата.

За прв пат во анкетите се појавува прашањето на иселувањето на младите како едно од најважните проблеми, веднаш после правосудството, корупцијата и евроинтеграциите, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бојан Миовски потпиша за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс
Следна Статија Трамп укинува 3,3 милиони евра помош за ЛГБТ заедницата на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања

„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање. Македонска кампања, на македонските граѓани,…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори

Денеска присуствував на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?