Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

Објавено March 15, 2026 18:35
Сподели
Screenshot
Сподели

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува.

„Како се чувствувам… Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски.

Тој посочува дека првите денови по несреќата биле најтешки, но дека сега се чувствува подобро.

„Првите денови беше потешко, понатаму не е. Сега за сега сум подобро“, додава тој.

Давитковски вели дека повредените меѓусебно се поддржуваат .

„Ние повредените се знаеме, летото бевме на Пониква. Ова ни е прво спортско дружење. Јас на сите сакам да им посакам побрзо оздравување“, рече тој.

Прашан дали животот ќе продолжи понатаму, Давитковски одговори дека и покрај тешкотиите, мора да се продолжи напред.

„Малку тешко, ама мора да продолжи“, вели тој.

Тој раскажа и дека во дискотеката дошол околу 1:30 часот по полноќ, заедно со сопругата и пријатели, кога се случила трагедијата.

„Бев на концерт, отидов околу 1:30 часот и за еден и пол час се случи тоа што се случи. Бев со сопругата и со другари. Од нашата маса има двајца починати“, сведочи Давитковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи
Следна Статија Нетањаху умре, за кафе (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Декември оваа година ќе биде малку потопол од просекот, врнежите просечни

Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот најави линеарно зголемување на пензиите – еве колку ќе се „опарат“ пензионерите наесен

Премиерот Христијан Мицкоски најави двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?