Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања
ЗДРАВЈЕ

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Објавено March 17, 2026 17:33
Сподели
Сподели

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените.

Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи – појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Врз основа на анализите и преговорите, утврдени се намалувања на максималните цени кај лековите каде што постојат соодветни пазарни показатели.

На веб страната на Министерство се објавени одлуките со новите намалени максимални цени, при што намалување е постигнато кај:

– 156 оригинаторни лекови

– 174 генерички лекови

– 13 лекови од интервентен увоз.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај, годинава, по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и мало.

Особено го издвојуваме намалувањето на цената на лекот „Ксарелто“ (ривароксабан), кој се користи во третман на кардиоваскуларни заболувања.

Кај овој лек е постигнато значително намалување на цената во прометот на големо:

-за таблети од 15mg и 20mg: од 2.307,48 денари на 1.606,10 денари

-за таблети од 10mg: од 824,10 денари на 589,45 денари.

· Со оваа мерка се овозможува поголема достапност на терапијата за пациентите, особено имајќи предвид дека станува збор за лек кој често се набавуваше од странство поради пониски цени, потенцира министерот Алиу.

Министерството за здравство информира дека овој лек е приоритет за вклучување на позитивната листа за примарна здравствена заштита во текот на 2026 година. Предлогот е веќе доставен до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, со што се очекува дополнително олеснување на трошоците за пациентите преку утврден надомест од државата, а пациентот ќе имаат право на избор на лек од различен производител.

Министерството за здравство останува посветено на креирање политики кои обезбедуваат квалитетна, достапна и одржлива здравствена заштита за сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“
Следна Статија Трамп: САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но тоа ќе се случи во блиска иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Најдебелиот пациент во Центарот за слабеење имал 288 килограми, 40 пациенти со прекумерна тежина ќе може да се оперираат на Клиниката за дигестивна хирургија

288 килограми е најдебелиот пациент кој бил третиран во Центарот за справување и третман на обезност на Универизтатската клиника за…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ова овошје е најдобриот начин да го зајакнете вашиот имунолошки систем кога имате настинка

Студеното време носи почести настинки, а ако се борите со една, различни видови овошје можат да му помогнат на вашиот…

November 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?