Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче
ПОЛИТИКА

Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче

Објавено November 13, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски членови и поранешни функционери се дистанцираат и заминуваат од СДС. Дали се точни информациите кои од Бихачка стигнаа до нас каде се тврди дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, поради сомнеж во лидерскиот капацитет на Филипче? Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче не ужива доверба и не е перципиран како лидер кој обединува а симпатизери и членови на СДС не сакаат да бидат дел од раководните структури и се дистанцираат од партијата, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче нема авторитет и не успева да ја мобилизира базата и да наметне јасно лидерство.

-Партиското раководство е поделено без јасна стратегија и без кохезија. Дел од високите функционери го доведуваат во прашање капацитетот на Филипче. Со Филипче на чело СДС станува се помалку релевантен фактор на политичката сцена. Доколку нема сериозни реформи и одговорно раководство СДС ризикува целосно да ја изгуби политичката тежина. На Македонија и неопходна силна и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заврши рекордната блокада на Владата на САД
Следна Статија Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази” на Коха, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот…

May 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев,…

March 20, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?