Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си
ЕКОНОМИЈА

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Објавено March 26, 2026 09:35
Сподели
Сподели

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си.

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.

57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за Европа, Блискиот Исток и Африка, рече дека „се радува на почетокот“, опишувајќи го како време на „вистински ризик, но и голема можност“.

„Повеќе од кога било, ни е потребна силна Би-Би-Си која работи за сите во еден сложен и брзо менувачки свет“, рече Бритон, додавајќи дека медиумската компанија претставува „исклучителен британски капитал со повеќе од 100 години иновации“.

Меѓу приоритетите на новиот директор ќе биде решавање на тужбата за клевета од повеќе милијарди долари што ја поднесе Доналд Трамп против Би-Би-Си поради начинот на кој Панорама уредувала делови од неговиот говор од јануари 2021 година, за што Би-Би-Си веќе се извини.

Новата улога доаѓа во време кога Би-Би-Си се соочува со конкуренција од технолошки компании на дигиталниот пазар, а нејзината сегашна кралска повелба истекува во 2027 година.

Бритин е роден во Волтон на Темза, Сари, и дипломирал на Универзитетот Кембриџ.

Тој ја започна својата кариера во медиумскиот сектор, приклучувајќи се кон Гугл во 2007 година, каде што стана претседател на Европа, Блискиот Исток и Африка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата
Следна Статија Трејлерот на „Спајдермен 4“ надмина милијарда прегледи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата

Позитивни коментари од бизнис заедницата откако вчера се донесе Буџетот за 2025 година, во кој вкупните приходи се планирани на…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?