Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Објавено July 29, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата на идентитетот и уникатноста на македонското вино. Само со развојна стратегија и вклучување на сите чинители во процесот, ќе се обезбеди развој, како на винската индустрија, така и на лозарството во земјава. Ова беа клучните пораки од настанот на кој беше објавено формирањето на првата организација која ќе биде одговорна за воспоставување на стандарди во винарството и лозарството во Македонија – Здружението за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“.
На настанот „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“, кој се одржа во М6 Едукативен Центар во Скопје, присуствуваа претставници на винарниците, лозарите, меѓународни институции и претставници од државните институции.


Овој настан има стратешко значење, бидејќи обедини широк спектар на чинители – винари, лозари, извозници, институции, експерти и други засегнати страни, со цел заеднички да се унапреди конкурентноста и одржливоста на секторот.

„Дефинирањето на стандарди и заштитата на уникатноста и квалитетот, се дел од стратешката определба на Здружението ,Вина од Македонија’ за градење на имиџот на македонско вино. Во изминатите три години, интензивно работевме на воспоставување систем за географски ознаки. Географските ознаки за вино се клучни во вреднувањето на виното на национално и на меѓународно ниво. Тие обезбедуваат заштита на потеклото и квалитетот на виното и имаат големо значење за соодветно позиционирање на македонското вино во светот“, нагласи Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Здружението „Вина од Македонија“.

Здружението „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“ ќе биде одговорно за дефинирање на стандардите, но и за заштита и унапредување на географските ознаки за вино,

„Географските ознаки на виното го гарантираат квалитетот и преку нив потрошувачите знаат што купуваат, а локалните винари се заштитени од имитации или злоупотреба на имиња. Покрај придобивките за македонското вино, овој систем ќе овозможи да се дефинираат и соодветни стандарди за производство на грозје, што ќе влијае и на дефинирање на цената на грозјето согласно квалитетот. Овој пристап ќе обезбеди фер третман на производителите и стимулирање на квалитетот, што ќе овозможи надминување на проблемите кои се појавуваа во тој дел“, изјави Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на Здружението „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“.


Голем интерес предизвика обраќањето на проф. Ален Делоар, светски признат агроном и вински експерт, професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција. Тој одржа презентација на тема „Географски ознаки за вино во глобалната винска индустрија“, потенцирајќи го искуството на светски познатите вински региони и начинот на кој географските ознаки се користат на производи кои имаат специфично географско потекло и поседуваат квалитет, углед или други карактеристики кои се директно поврзани со тоа потекло. Бенефитите од овој процес се гаранција дека виното е автентично, со контролиран квалитет и потекло, при што потрошувачите добиваат поголема сигурност, а се зголемува и вредноста на регионот и на вината кои од него потекнуваат, унапредувајќи ја нивната конкурентност.

Настанот беше можност учесниците да разменат искуства во областа, да воспостават нови партнерства и да се вклучат во работата на новото здружение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Допирал малолетничка по тело, уапсен штипјанец
Следна Статија Таблици во боја за сите службени возила до 15 септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

Групацијата 4iG ја поздравува одлуката на Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК) да иницира процес на јавна консултација за…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та

Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сметководителите ќе може да ги потпишат завршните сметки, уверува министерката Димитриеска Кочовска

„Нема потпис, нема мир“, „Смрди на профитот на консалтинг куќите“, „Фелата се буди“, „Дисциплинска за ИСОС“ и „Стоп за тиранијата…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?

Во 2020 година, просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во Општина Центар, Скопје, изнесувала околу 970 евра. До…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?