Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Објавено May 28, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината од 4,5 проценти, објаснувајќи дека се користи кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, кој е трипати А, што е најдоброто што државата може да го добие на пазарот во моментов.

Мицкоски истакна дека ова е она што со сигурност може да го каже од досега договореното, потенцирајќи дека финансиските услови сè уште не се целосно усогласени и дека нема отворен дијалог со никого за деталите.

На прашањето дали вкупната каматна стапка ќе биде во рамките на тековните проекции за државата, кои се движат од 4,5 до 6,5 проценти, Мицкоски одговори дека вкупната каматна стапка би била пониска од оваа долна граница, повторувајќи дека сè уште немаат отворено таков дијалог со никого.

„Договорот е за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и тој поминува во собраниска процедура“, рече Мицкоски.

„Во делот на финансиските аранжмани, ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме од прилика структура колку би била каматната стапка за тој еден заем и би кажал дека е подоле од долната маргина што ја кажавте“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.

Но, Мицкоски нагласи: „Ние нема да одиме на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии, откако ќе добие барање за проект, ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредитодаватели, меѓу кои и европските банки.“

„Оној што е подготвен да финансира вакви проекти, со одредена конкурентна каматна стапка, ќе биде избран“, додаде Мицкоски. „Не можеме од сега да знаеме дали таа финансиска институција со која преговаравме ќе биде најконкурентна. Таа ќе биде избрана само под услов да е најконкурентна, затоа не е дел од договорот, затоа што таа процедура допрва ќе се случува. И тоа ќе биде транспарентно и нема да биде скриено, нема да се носи со европско знаме и нема да биде класифицирано. Зарем мислите дека јас сум тука да дозволам држава да направи фаул или пак граѓаните да бидат ограбени? Напротив, ние добивме доверба за да ја развиваме“, изјави Мицкоски.

Финансиските услови сè уште не се докрај договорени, потенцираше Мицкоски, посочувајќи дека во случајот има петгодишен грејс период и првата фактура би доспеала на 1 јануари 2027 година и од тогаш ќе започне грејс периодот.

На прашањето дали договорот предвидува соработка во безбедноста и што тоа подразбира, Мицкоски одговори дека пред две недели на владина седница бил разгледан меморандум за разбирање меѓу Владата и британска компанија која е подготвена да инвестира во еден таков производствен капацитет меѓу 250-300 милиони евра, што годишно би носело од извоз околу половина милијарда евра.

„Но, имаме договор, кога ќе биде сето тоа финализирано, ќе застанеме повторно на прес и тоа ќе го кажеме“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити
Следна Статија Јанев: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нафтата скокна нa 91 долар за барел

Цените на нафтата денес нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 91 долар за барел, што е резултат…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преку СЕПА, од денеска побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?