Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити
МАКЕДОНИЈА

Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити

Објавено May 28, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер Изет Меџити денеска од Тетово најави дека наредната недела ќе се знае точно кои луѓе ќе се постават на владините функции по заминување на Арбен Таравари и неговите блиски соработници. Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити уверува дека се работи на постабилна Влада, со цел побрза реализација на предвидените проекти.

-Владата е стабилна и се зајакнува за да може да се реализираат проектите во интерес на граѓаните. Повеќето се реформираат, ќе има и Бадинтер мал и Бадинтер голем. Ќе има предлози на закони што се во интерес на граѓаните, кои верувам ќе ги гласаат сите. Позициите внатре во „Влен“, главно место има Алијансата за Албанците на чело со Арбен Фетаху, нормално и со другите пратеници, и тие што преминаа од Фронтот за Европа, повеќето нови, и со нив се разговара. Се надевам идната недела од понеделник натаму ќе имаме информации за пополнување на празните места, бидејќи немаме време за муабети ни треба мнозинство за да ги реализираме проектите како денешниов, изјави Изет Меџити.

Тој заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на граничниот премин Јажинце-Глобочица беа да го означат почетокот на употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана гранична контрола со Република Косово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата
Следна Статија Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома

Министерството за правда наскоро пред Владата ќе излезе со „кратко законско решение“ за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?