Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

Објавено April 10, 2026 13:55
Сподели
Сподели

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Како што информираат од МВР утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди” од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт” до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улицата „Димитрие Чуповски” и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со улицата „9-ти Мај” до кружна крстосница со улицата „Св. Кирил и Методиј”.

На возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по булевар „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центар ќе се движат по улуцата „М.Т.Гологанов” па преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди” и во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори улицата „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со булевар „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Од МВР информираат дека по потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ го активира дигиталниот граничен систем: Што се менува за патниците од денеска?
Следна Статија Орион се враќа на Земјата, најризичниот дел од мисијата е ноќва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.  Глигоров е роден на…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) крвари на многу места“. Ова го рече директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во интервју за…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Енормно загадување на водата во Струга

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство…

February 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?