Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Енормно загадување на водата во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Енормно загадување на водата во Струга
МАКЕДОНИЈА

Енормно загадување на водата во Струга

Објавено February 13, 2026 15:05
Сподели
Сподели

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење“, информираа од Обвинителството.

При увидот, дополнуваат оттаму, треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.

Директорот на локалниот ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски вчера си поднесе оставка од морални причини, откако пет дена имаше криза со загадена вода во Струга. Тој состојбата со водата ја окарактеризира како „катастрофална по здравјето на граѓаните“.

Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција
Следна Статија Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште колку ќе молчите за трагедијата во „Пулс“, прашаа блиските на жртвите

Родителите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ вчера по 21 пат излегоа на улиците на Кочани,…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата

Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?