Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За една недела, два авиони на скопскиот аеродром удриле во јато птици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За една недела, два авиони на скопскиот аеродром удриле во јато птици
МАКЕДОНИЈА

За една недела, два авиони на скопскиот аеродром удриле во јато птици

Објавено August 10, 2025 11:02
Сподели
Сподели

Во текот на оваа недела на Меѓународниот аеродром Скопје се случија два одделни инцидента со авиони кои удриле во јато птици.

Во средата, околу 18 часот, авион „Ербас А320-232“ на „Визер“, на лет од Скопје кон Базел, веднаш по полетувањето се вратил и безбедно слетал откако удрил во јато. Најверојатно поголема птица предизвикала вибрации на еден од моторите поради искривување на перките. Иако двата мотора работеле, капетанот, следејќи безбедносни процедури, одлучил од претпазливост да го врати авионот. Патниците излегле без прогласување вонредна состојба, а леталото останало приземјено.

Неколку дена подоцна, на утринскиот лет за Виена, авион на „Аустриан ерлајнс“ од истиот тип имал блиска средба со јато птици. Инцидентот се случил околу 4:30 часот, по што екипажот го прекинал полетувањето додека авионот бил на пистата. Летот продолжил со четиричасовно задоцнување.

Службите на концесионерот ТАВ користат воздушни топови за оддалечување на птиците, но е забележано нивно зголемено присуство и адаптација на мерките. Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), 90% од судирите со птици се случуваат во близина на аеродроми, најчесто при полетување или слетување. Иако моторите се дизајнирани да издржат удар од помали птици, судир со поголема птица или јато може да предизвика сериозни оштетувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Џенифер Лопез не ѝ било дозволено да влезе во продавница во Истанбул, обезбедувањето ѝ го блокирало патот
Следна Статија Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата

„УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата на Северна…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?