Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Објавено November 8, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст.

Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА.

Вотсон, заедно со Франсис Крик и Морис Вилкинс, го направија револуционерното откритие во 1953 година дека структурата на ДНК е двојна спирала, што беше пресвртница во модерната медицина и молекуларната биологија.

Вотсон стана раководител на лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ во 1968 година, претворајќи ја во голем центар за истражување на ракот. Тој, исто така, ја прошири нејзината работа во биологијата на растенијата и невронауката.

Во 2007 година, британскиот „Сандеј Тајмс“ објави интервју со Вотсон во кое тој сугерираше дека црнците се помалку интелигентни од белците.

Истражувачот потоа поднесе оставка од својата позиција како шеф на лабораторијата, а исто така се повлече и од јавниот живот. Подоцна ги повтори овие забелешки. Лабораторијата ги прекина сите преостанати врски со него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врнежливо до вторник, потоа стабилно и суво време
Следна Статија „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Терористички напад во Франција: Еден загинат, неколкумина повредени, напаѓачот извикал Алах Акбар

Едно лице е убиено, а двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож за време на протест во источна…

February 22, 2025
СВЕТ

Тик Ток обвинет од Европската комисија дека создавал зависност

Европската комисија во петокот го обвини TikTok дека намерно ја дизајнирал својата апликација на начин што поттикнува зависност, наведувајќи функции…

February 9, 2026
СВЕТ

Русија: Украинците го нападнаа нуклеарниот реактор во Чернобил

Русија денеска го нарече „провокација“ од Киев за уценување на Западот да му испрати повеќе оружје, обвинувањето на Украина дека…

February 14, 2025
СВЕТ

„ЕУ веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, за да се спречи раст на цените на енергенсите“

Шефот на унгарски дипломатија Петер Сијарто денеска ја повика Европска Унија „веднаш“ да ја укине забраната за увоз на руска…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?