Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон
ХРОНИКА

Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон

Објавено July 23, 2025 16:56
Сподели
Сподели

Специјалци со фантомки и вооружени до заби ги чуваа членовите на озогласената криминалната група „Беланоца-Барон“ кои седнаа на обвинителна клупа на првото судење во Кривичниот суд во Скопје. Сите се претежно млади луѓе, дел од нив со луксузни часовници, делуваа како да се бизнисмени, а не обвинети за серија убиста за превласт на скопското подземје. Меѓу нив беше и лидерот на групата Фатљум Ајети Тоте, потоа Акиф Равманоски кого претседателката Гордана Сиљановска Давкова го помилува, што предизвика огромни реакции во јавноста и Гани Туша осомничен за убиството на Орхан Бајрами викан Оки во Ханиоти во Грција. Обвинението е против девет лица, а други седум се во бегство и за нив е прекината истрагата. Поради неприсуство на неколку од адвокатите судењето се одложи, а следното се закажа во август во специјализираната судница во затворот Идризово поради безбедносни причини.

Групата е обвинета дека нарачувала и извршувала мафијашки убиства заради превласт во скопското подземје, одмазда, ниски побуди. Некои од убиствата се нарачувале од затвор, а во јавноста е познато тоа во „Шиша бар“ во скопската чаршија кога беа убиени водачите на спротивставената група „Дуќанџик-Грчеец“. Освен убиства, членовите на групата палеле објекти, автомобили и сериозно ја загрозувале безбедноста на граѓаните.

Според Обвинителството, во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори
Следна Статија Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ФОТО: Ова е скопјанецот уапсен со 3,06 промили алкохол

СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Изгореа седум автомобили во Скопје

Три возила во Аеродром и 4 во Чаир изгореа во текот на последните два дена. На 12 октомври 2024 година,…

October 13, 2024
ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
ХРОНИКА

17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?