Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите
МАКЕДОНИЈА

Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите

Објавено March 25, 2026 15:57
Сподели
Сподели

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите. Џевдет Насуфи, кој јавноста го знае од времето кога беше ексминистер за правда и за локална самоуправа, е првообвинет за давање поткуп за помош од ИПАРД-програмата и се наоѓа во куќен притвор. Потоа, Фејзула Фејзула и неговиот брат Амет Фејзула се обвинети за примање награда за противзаконито влијание. Јасмина Костадинова и поранешниот директор Илија Стоилев, пак, се обвинети за примање поткуп и се наоѓаат во притвор. Обвинета е и фирмата „Сигнас агро“ од Велешта за давање поткуп чиј управител е првообвинетиот. Со обвинителен предлог за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувањата“ во овој предмет се опфатени и четворица службеници.

Првото рочиште се одложи за еден месец бидејќи одбраната и обвинетите намале направено увид во доказите, иако обвинителката Наташа Поп Трајкова рече дека доказите биле испратени до Судот. Во истрагата беа запленети многу мобилни телефони, медиуми за складирање дигитални податоци и пари, 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.

Во притвор се четворица од обвинетите, а државните службеници се под мерки на претпазливост, како: забрана за вршење работни активности поврзани со делото,одземање патни исправи.

Според наводите во обвинението, Насуфи аплицирал на јавен повик на Агенцијата и поднел барање за користење финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за добивање финансиска поддршка. ЈО тврди дека со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ на финансиска помош во целост да биде одобрен, управителот во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата му бил ветен подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука која не смеела да биде донесена.

Од прибраните докази во истрагата, како што соопшти ОЈО ГОКК, произлегле и индиции за други постапувања поврзани со ИПАРД средствата, поради што е отворена предистражна постапка, која сè уште е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот
Следна Статија ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска облачно, за Божиќ ќе има снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.…

January 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети

По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Студен бран од север доаѓа во Македонија

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?