Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студен бран од север доаѓа во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Студен бран од север доаѓа во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Студен бран од север доаѓа во Македонија

Објавено November 17, 2024 19:10
Сподели
Сподели

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?
Следна Статија ЕВРОПА УМИРА: Илон Маск објави загрижувачка фотографијa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за средбата со Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка ниту за двор

На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште, вака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова…

November 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?