Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ
МАКЕДОНИЈА

По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ

Објавено February 3, 2026 11:29
Сподели
Сподели

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една деценија, конечно ќе се доградуваат откако ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи.

Од Министерството за образование и наука информираат дека на 30 јануари завршил рокот за пријавување на тендерот за изработка на нови проекти за градба, кој беше објавен на крајот од 2025 година. Повикот се темели на стручна анализа за состојбата на објектите и на актуелните потреби на нивните идни корисници.

 

Поради променетите стандарди и потреби во однос на времето кога започна изградбата во 2013 година, одлучено е двата објекта да ги користи исклучиво Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ). За Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој првично беше наменет едниот објект, се планира изградба на нова зграда на постојната локација.

Стручната анализа беше изработена од работна група координирана од проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет, во која беа вклучени и експерти од ФЕИТ, Машинскиот и Архитектонскиот факултет, како и од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доларот се зацврстува, акциите изгледаат послаби додека расположението опаѓа
Следна Статија Добијте Microsoft Office професионален пакет за цел живот по достапна цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој…

June 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Деспотовски демантира дека е приведен

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека е приведен. „Во врска со информациите кои се појавија…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?