Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?
МАКЕДОНИЈА

Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?

Објавено April 2, 2026 11:12
Сподели
Сподели

СДС се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија.Во опозицијата добро знаат кои се фирми се поврзани со Дака и како се викаат фирмите во негова сопственост,велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е така затоа што човекот со контроверзно минато бил бизнис партнер на нивниот претседател во сенка, Зоран Заев, кој сè уште ги влече конците во СДС и управува со Венко Филипче.Македонската јавност за постоењето на Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис.

На снимките се слуша Дака како вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште, за возврат да добие контра услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Во истата аудиоснимка, на која Дака разговара со главниот посредник во случајот, Зоран Милески Кичеец, освен името на Заев се слуша и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на владата на СДС предводена од Зоран Заев.

Ова значи дека тогашната власт на СДС многу добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Како добри познавачи на контроверзниот проруски бизнисмен Дака, на неговите бизниси и фирми, можеби затоа што постои веројатност нивниот шеф Заев со нив да соработувал и заработувал, им благодариме на СДС што укажаа дека фирмата Хронос Сум била во негова сопственост.

Бидејќи ништо не е „како до сега“ како во време на власта на СДС и Заев, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни механизми и ќе ги искористи сите законски можности оваа фирма, во сопственост на Дака, да не гради и инвестира во енергетски објекти и покрај тоа што ги исполнила условите.

Кон крајот на август 2022 година излезе аферата со „Шик Јелак“, урбанистички план во Тетово кој бил првиот голем план усвоен по парламентарните избори во 2020 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полициска акција за детска порнографија: Претреси и кај претседател на бугарско здружение
Следна Статија Си поднесе оставка: Ленче Ристовска веќе не е обвинител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Владата организира меѓународна конференција за пожарот во Кочани

Владата во Скопје ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, за како што велат да…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес

Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого со цел да најдеме решение со кое ќе се одблокира…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?