Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта

Објавено July 9, 2026 08:35
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва во „Тема на денот“ на  телевизија Сител нагласи дека т.н. „Платформа“ претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што рече, „тоталниот дебакл на власта“, посочувајќи дека наместо да се зборува за неуспесите на Владата, повторно во фокусот се става СДСМ.

-Што се постигнува? Целосен дефокус. Наместо во овој период ние да разговараме за овој дебакл на власта, за изолацијата од Европа, за проруските влијанија кај нас, за проруските ставови на владата на Христијан Мицкоски, лично на него, за дебаклот со буџетот, за немањето пари за пензии, плати, социјални трансфери, земјоделство и така натаму, за ултра скапите кредити, вклучувајќи го и унгарскиот, ние повторно расправаме за самите себе – рече Филипче.

Тој нагласи дека во време кога СДСМ води силна опозициска битка против, како што рече, оваа корумпираната власт, ваквите активности создаваат непотребна фрагментација.

-Во таква ситуација, кога сме единствената опозициска партија која на овој начин се бори со оваа ненародна власт, една група луѓе кои се сите искомуницирани претходно и на кои им е понудено да дојдат, да се приклучат, да бидат дел од телата на партијата, одат и дебатираат на друго место надвор од партијата – рече Филипче.

Во интервјуто тој потенцираше дека сите кои имаат идеи и ставови имаат простор да ги изнесат во рамките на партијата.

-Ако е потребно единство, како што и тие велат, зошто прават работи кои водат кон фрагментација? Зошто не доаѓаат во партијата, во која вратите се отворени? И тие тоа многу добро го знаат, затоа што им е таму местото. Во партијата се дебатира за такви работи – порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноле казнет дека пцуел и ја повторил псовката
Следна Статија ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Грчка пратеничка кон градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни: Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата

Грчка пратеничка остро го крититикува градоначалникот на Лерин, кој прекина прослава поради македонска песна „Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата.…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа

Во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски пред Ургентниот центар…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, по целосно спроведени…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?