Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ со делење на 150 пакетчиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ со делење на 150 пакетчиња
МАКЕДОНИЈА

Започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ со делење на 150 пакетчиња

Објавено December 29, 2024 20:42
Сподели
Сподели

Со делење на 150 пакетчиња за деца од згрижувачки семејства денеска започна Националната кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“. 

На настанот што се одржа во ВЕРО Центар, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, изјави дека оваа иницијатива покажува како сите заедно можеме да направиме разлика и да донесеме радост и топлина за време на празниците.

– Згрижувачките семејства обезбедуваат многу повеќе од дом – тие се извор на љубов и стабилност за децата кои се соочуваат со животни предизвици. Истовремено, центрите за лица со попреченост претставуваат соодветно место каде овие лица добиваат поддршка, стручна грижа и можност да ги развиваат своите вештини. Оваа иницијатива покажува како сите заедно можеме да направиме разлика и да донесеме радост и топлина за време на празниците, изјави Велковски.

Петар Денковски, директор на ВЕРО, додаде е голема чест и задоволство да се биде дел од кампањата за поддршка за згрижувачките семејства. 

– Празниците се време на љубов, надеж и дарување. Згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост се вистинските херои на нашето општество, а преку оваа кампања имаме можност да ги поддржиме и да внесеме насмевки на лицата на децата под нивна грижа. Не станува збор само за подароците, туку и за создавање моменти на заедништво, радост и потсетување дека сите сме дел од истата заедница, истакна тој.

Според информациите на заменик-министерот Велковски, во моментов, во Македонија се згрижени над 320 деца во над 230 згрижувачки семејства.

Кампањата има за цел да оддаде признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, како и да овозможи помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ја потценија моќта на ВМРО-ДПМНЕ, ова е структура која е дел од македонскиот идентитет
Следна Статија Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“: Не сакаме да бидеме дел од политичка реторика и препукувања

„Супорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во „Димо Хаџи Димов“ е исправна, соопштија од Водовод

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?