Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
МАКЕДОНИЈА

Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав

Објавено December 2, 2024 18:13
Сподели
Сподели

Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

На предложениот дневен ред беше и точката за избор на претседател на Судскиот совет, но по предлог на членот на Советот, Исамедин Лимани, едногласно беше тргната од дневен ред. Според Лимани, Советот треба да избира претседател кога ќе биде во полн состав, односно по изборите на двајца нови членови кои треба да се случат на 11 декември.

Двајца членови со право на глас се отсутни, а исто така сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот кои ќе се избираат на 11 декември. Еден член од општата листа од Апелационо подрачје Штип и еден член од посебната листа, така што изборот на претседател мислам дека треба да биде кога Советот ќе биде комплетиран, посочи Лимани.

Ставот и на останатите членови е дека Советот може да продолжи со работа без претседател сѐ до неговото комплетирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот
Следна Статија ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид градиме архитектонско чудо

Вицепремиерот автопатот Охрид Кичево со силна посветеност ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови,најави вицепремиерот Александар…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

Обраќање на премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на Богородица попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца

Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?