Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ја потценија моќта на ВМРО-ДПМНЕ, ова е структура која е дел од македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Ја потценија моќта на ВМРО-ДПМНЕ, ова е структура која е дел од македонскиот идентитет
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ја потценија моќта на ВМРО-ДПМНЕ, ова е структура која е дел од македонскиот идентитет

Објавено December 29, 2024 20:50
Сподели
Сподели

На денешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се осврна и ја појасни моќта на ВМРО-ДПМНЕ како структура која е дел од македонскиот идентитет.

Премиерот објасни дека и покрај девалвирањето на името на партијата, и покрај бројните омаловажувања ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане структура од македонскиот идентитет.

„Сите ја потценија моќта на ВМРО како организација колку и да сакаат да го девалвираат па често пати насловуваат како ДПМНЕ не како ВМРО-ДПМНЕ колку и да сакаат да не омаловажуваат колку и да сакаат да направат зло сепак ова е структура која што е дел од македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и дека тој корен лесно не се корнее, не се уништува.

„Сакале да признаат или не ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и туку така лесно тој корен не се корнее тој корен не се уништува тој корен има длабоки корења и јас ја имам таа чест да ја водам оваа организација и оваа структура“, вели Мицкоски.

Премиерот нагласи дека од аспект на неговите животни гледања неговите амбиции и желби се исполнети и реализирани и како единствена обврска која му преостанува е да го подобри животот на граѓаните во Република Македонија и потенцираше дека го вложува секој атом од својата енергија за успешно справување со дадените предизвици заедно со своите соработници.

„И често пати кога ме прашуваат што понатаму јас често пати велам ако гледаме од оптиката на личните професионални амбиции јас реално немам за што повеќе да живеам, ја предводам најголемата во историска смисла организација на Балканот, ја предводам Владата како предводник на најголемата во историска смисла организација на Балканот и сум редовен професор. Генерално сите оние моменти сите тие амбиции кои што сум ги имал како човек се реализирани сега единствениот мој мотив се да овие 100 илјади човечки животи и нивните судбини се обидеме преку алатките кои што ги имаме на располагање да ги направиме поубави и давам се од себе тоа да го правам“ објасни Мицкоски кој укажа „јас во овој момент го вложувам секој атом од својата енергија и знам дека тоа го прават моите соработници и знам која е нивната инспирација така што накратко поминавме многу тешки работи но победивме“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Две лица загинаа од торнада во Тексас и Мисисипи
Следна Статија Започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ со делење на 150 пакетчиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Објавена фотографија која најавува можна соработка на ДУИ и Левица во вториот круг: Зашто разговараа Муса Џафери и Реџеп Исмаил Хактан

Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица,…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Граѓаните на Гостивар заслужуваат да ја знаат вистината

СДСМ денеска обвини дека институциите ја кријат вистината за анализите на водата во Гостивар и побара целосно објавување на резултатите,…

July 20, 2026
ПОЛИТИКА

На „Фејсбук“ има лажен профил на Филипче со несоодветни содржини, алармираат од СДСМ

Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?