Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
ХРОНИКА

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Објавено June 24, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син, кој немал возачка дозвола, да управува возило, иако бил свесен за ризиците и претходните нарушувања на законот од страна на неговиот син.

Според Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), 50-годишниот скопјанец „со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настапат штетни последици.“

– Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Судот во Скопје на 13 мај му изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов, кој призна вина за сообраќајна несреќа во јануари, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Судот му изрече и петгодишна забрана за управување возило и парична казна.

Како олеснителни околности беа наведени признанието и каењето, а како отежнителни – сериозноста на делото, претходна затворска казна за трговија со дрога и повеќе прекршоци во сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ
Следна Статија Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија на известувачот Вајц

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Внукот ќе ти оди во затвор ако не платиш- вака лажел скопјанец кој доби притвор поради измама со лажна сообраќајка

Скопјанец е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за измама, откако лажно се претставил како инспектор и измамил…

March 17, 2026
ХРОНИКА

Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Прилепчанец пронајден мртов во камп приколка

На 23.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во камп приколка во атар на с.Беловодоица, прилепско, бил пронајден починат С.Д.(57)…

December 24, 2024
ХРОНИКА

Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?