Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука
ХРОНИКА

Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука

Објавено January 2, 2026 14:40
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место.

Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари
Следна Статија Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Оддал службена тајна: Полициски службеник доби кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

June 16, 2025
ХРОНИКА

Девојка од Кочани киднапирала штипјанка

Полициските службеници од ОВР Кочани вчера уапсиле 28-годишна жена од Кочани, со иницијали Ј.Н., поради сомневање за киднапирање и напад…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Ненадејно почина екс градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

Поранешниот градоначалник на Крива Паланка Борјанчо Мицевски почина на 53 години. Тој беше градоначалник на општината од 2017-2021 година.Веста ја…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

После добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?