Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3

Објавено January 2, 2026 14:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека напредуваат проектите во Железницата и оти очекува оваа година да биде објавен тендерот за изработка на Делница 3.

– Задоволен сум како напредуваат проектите во Железницата, оној застој што беше со Делницата 3 од Коридорот 8 и пругата што ги поврзува Куманово со Крива Паланка и граничниот премин со нашиот источен сосед Бугарија и оние првични неусогласености се надмина. Потпишавме договор со нашиот источен сосед, Брисел излезе со поддршка во делот на изградбата на тунелот којшто треба да ги поврзува двете пруги односно пругата од кај нашиот источен сосед и нашата пруга, истакна Мицкоски при посетата на Кочани.

Тој изрази очекување дека оваа година ќе биде објавен тендерот за изработка на Делница 3 и оти тоа е проект којшто се движи.

– Бидејќи првата е од Куманово до Бељаковце, таа ја пуштивме, втората која се работи од Бељаковце и Крива Паланка и третата е од Крива Паланка до влезот на тој тунел. Тоа е проект што го движиме, на мојот последен состанок во Брисел, на тој работен дел, но и на формалниот дел, побарав средства со коишто ќе се модернизира пругата која исто е дел од Коридорот 8 што го поврзува Скопје-Кичево во делот на промена на шини и во делот на електрификација, рече Мицкоски.

Потсети дека се развива и проектот за брзата пруга од Коридорот 10, којашто треба да ги поврзе Табановце и Богородица.

Таму патничките возови ќе сообраќаат со брзина до 200 километри на час, а товарните возови со 120 километри на час. Ќе биде на два колосека, таа е дел од проектот со Обединетото Кралство. Се разработуваат физибилити студиите и студијата за социо-економско влијание на средината, би рекол и влијание врз еколошките параметри. Очекувам тоа да биде завршено до крајот на летото и веќе од есен да почнеме полека но сигурно да зборуваме за камен-темелник, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во меѓувреме се бира финансиер. – Имаме една понуда која е необврзувачка, која е апроксимативна, допрва ќе почнеме во преговори за деталите, но потребни ни се параметрите од овие физибилити студии за кои претходно зборував. Очекувам и овој проект да се придвижи, потенцира Мицкоски.

Премиерот потсети и дека напредува т.н. Градски воз, проект вреден шест милиони евра, околу 360 милиони денари, во првата фаза, со кој од источното крило на главниот град со електричен воз ќе се стигнува до центарот на градот. Тој исто така спомена и за потпишувањето на договорот за набавка на пет електрични локомотиви во вредност од 25 милиони евра

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука
Следна Статија Руските спортисти ќе настапат на Зимските олимписки игри ама без знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Евалуација на следењето на синџирот на мислата – OpenAI

Претставуваме евалуации за следење на синџирот на мислата и проучуваме како тоа се менува со пресметковното време за тестирање, зајакнувачкото…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС

Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ…

October 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица

До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?