Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
ЕКОНОМИЈА

Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Објавено June 7, 2026 17:35
Сподели
Сподели

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови.

По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски народни носии, претставувајќи дел од локалната култура и гостопримство.

Новата авиолинија Охрид – Вроцлав ќе сообраќа двапати неделно, секоја среда и недела. Од ТАВ Македонија најавија дека веќе на 9 јуни ќе започне и новата линија од Катовице, која ќе се реализира двапати неделно, а во шпицот на летната сезона и трипати неделно.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакна дека новите авиолинии претставуваат значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната поврзаност на Охрид и развојот на туризмот.

-Новите линии од Вроцлав и Катовице до Аеродромот „Свети Апостол Павле Охрид“ претставуваат силен поттик за понатамошен развој на туризмот во Охрид, како и за продлабочување на економските и културните врски меѓу Македонија и Полска. Очекуваме овие дестинации значително да придонесат за зголемување на бројот на посетители и за подобрување на видливоста на Охрид на европската туристичка мапа. Исто така, ги охрабруваме македонските патници да ги откријат двата живописни полски градови- изјави Курт.

Вера Јардан, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, оцени дека новите линии ќе понудат повеќе можности за патување и ќе придонесат за раст на туристичката размена меѓу двете земји.

-Со задоволство го прославуваме отворањето на двете нови авиолинии на Wizz Air што го поврзуваат Охрид со Вроцлав и Катовице, дополнително зајакнувајќи ја поврзаноста на Охрид со Полска. Овие нови услуги ќе обезбедат повеќе можности за патување за патниците, а воедно ќе придонесат и за пораст на туризмот меѓу двете земји. Уверени сме дека обете линии ќе бидат топло пречекани од патниците на двата пазари и сме благодарни на сите патници што продолжуваат да го избираат Wizz Air и да летаат со нас за да откриваат нови дестинации- изјави Вера Јардан.

Авиокомпанијата моментално опслужува летови од аеродромот во Охрид до осум дестинации, вклучувајќи ги и двете нови рути: Вроцлав, Катовице, Дортмунд, Меминген/Минхен, Базел-Милуз, Штутгарт, Милано-Малпенса и Братислава.

Во текот на летниот распоред на летови, 8 авиокомпании ќе опслужуваат летови до 17 дестинации од Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид. Од нив, 14 се редовни и сезонски авиолинии, додека три се чартер-летови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен скопјанец: Ја следел поранешната девојка
Следна Статија Филипче: Македонија ја пропушта европската шанса, СДСМ почнува „нова одговорност“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ампева за предлогот на СДСМ за зголемен минималец: До вчера беа на власт, сега ќе глумат заштитници на правата на работниците

Опозициската СДСМ вчера обзнани дека ќе предложат измени и дополнувања на законот за минималната плата да се покачи на 27…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кризата со меморските чипови ги разбранува пазарите, очекувања за уште полошо

Компании од производителот на конзоли Nintendo до големи PC брендови и добавувачи на Apple видаат пад на акциите поради загриженост…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената

Според податоците на Еуростат, цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години. На првото место по…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?