Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин и Трамп разговараа речиси 1 час, еве што е договорено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин и Трамп разговараа речиси 1 час, еве што е договорено
СВЕТ

Путин и Трамп разговараа речиси 1 час, еве што е договорено

Објавено June 14, 2025 22:18
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел, соопшти високиот советник за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

– Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин тукушто одржа уште еден телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп, изјави Ушаков. – Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост од можната ескалација на конфликтот, која би имала непредвидливи последици за целиот регион на Блискиот Исток, додаде тој.

Путин, според Ушаков, го информирал Трамп за вчерашните телефонски разговори што ги имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Во разговорот била нагласена подготвеноста на Русија за евентуално посредништво. Исто така, Путин ја потврдил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Украина по 22 јуни.

– Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украинците, како што е договорено, по 22 јуни. Доналд Трамп ја прими таа информација и го потврди интересот за ставање крај на руско-украинскиот конфликт во можно најкраток рок, наведе Ушаков.

Двајцата лидери изразиле задоволство од воспоставените лични односи, кои овозможуваат ефективна комуникација и заедничко барање решенија за итните прашања, без оглед на нивната сложеност.

Ова е петти телефонски разговор меѓу Путин и Трамп откако американскиот претседател се врати во Белата куќа. Последниот разговор беше на 4 јуни, а денешниот траел околу 50 минути.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина, евакуирани речиси 4.000 жители
Следна Статија Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

Синдикално организираниот кабински персонал на „Ер Канада“ рано утринава ја напушти работата откако пропаднаа преговорите за договорот со најголемиот авиопревозник…

August 16, 2025
СВЕТ

Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“

Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот…

July 2, 2025
СВЕТ

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската…

June 15, 2025
СВЕТ

Новиот шеф на ЦИА верува дека коронавирусот протекол од лабораторија

ЦИА вчера објави нова проценка за потеклото на пандемијата на коронавирус, во која се наведува дека е поверојатно вирусот да…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?