Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА
ЕКОНОМИЈА

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Објавено January 29, 2026 20:34
Сподели
Сподели

Во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Ова е прва ваква работилница наменета за деловната заедница, на која присуствуваа повеќе од 60 компании, главно од извозно-увозниот сектор. За нив СЕПА е од посебно значење, бидејќи голем дел од надворешната трговија и финансиските трансакции се остваруваат токму со земјите од СЕПА.

Работилницата е дел од активностите на Народната банка за појаснување на можностите за компаниите и за подобро искористување на придобивките по оперативното приклучување на домашните банки кон СЕПА. Покрај презентирање на практичните аспекти на плаќањата преку СЕПА, на настанот се одвиваше и директна дискусија со компаниите, размена на искуства и се увидоа предизвиците со кои се соочуваат при користењето на овие услуги.

Во текот на дискусијата се истакна дека СЕПА овозможува побрзи, поевтини и потранспарентни плаќања во евра, со предвидливи трошоци и поедноставени процедури. Имено, со плаќањата преку СЕПА, компаниите имаат во просек осумкратно пониски надоместоци за одливните плаќања, а тројно пониски надоместоци за приливите на износ од 20.000 евра во споредба со СВИФТ/кореспондентните трансфери. Ова носи заштеда од стотици до илјадници евра годишно за компаниите што редовно тргуваат со компании од четириесетте земји од СЕПА, што, пак, директно помага за подобро управување со ликвидноста и ја зголемува конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.

Народната банка и понатаму ќе биде посветена на максимално искористување на придобивките од членството во СЕПА од страна на деловната заедница. Таа и во иднина ќе поведува вакви иницијативи, во тесна соработка со стопанските комори, банките и компаниите, за да се продлабочи интеграцијата на домашната економија во европскиот платежен простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата
Следна Статија Жичницата ќе се проширува од болницата Козле до Средно Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочсока, денеска на…

May 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Граѓаните заслужуваат да возат по модерни, брзи и безбедни патишта

Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот, туку…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?